Меѓународен фудбал Фудбал

Шампионска парада во срцето на каналите: Венеција се врати во Серија А со стил!

Венеција го прослави својот голем камбек во италијанската елита на уникатен начин, приредувајќи парада која го воодушеви спортскиот свет. Наместо вообичаените автобуси со отворен покрив, играчите пловеа низ славните градски канали на традиционални гондоли, поздравувајќи ги илјадниците навивачи кои го славеа првото место во Серија Б.

Овој голем успех беше запечатен по триумфот од 2:0 над Фрозиноне во последното коло, со што и официјално беше обезбедена визата за најквалитетното италијанско друштво.

Со пораката „Низ каналите до Серија А“, клубот сподели спектакуларни фотографии од прославата која уште еднаш ја покажа магијата на овој преубав италијански град.

 

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.

Поврзани вести