Монако се наоѓа во сериозна финансиска криза, откако клубот се соочува со повеќемилионски долгови и неизвесна иднина додека чека потенцијален нов сопственик. Иако тимот неодамна ја освои титулата во француското првенство, проблемите надвор од теренот стануваат сè поголеми. Клубот веќе се соочи со санкции поврзани со учеството во елитната конкуренција, а дополнително го загуби и местото во Евролигата.
Според последните финансиски проверки, обврските на Монако надминуваат 24 милиони евра. Најголем дел од сумата е поврзан со претходно утврдени долгови, но дополнителни милиони биле евидентирани и по новата анализа на работењето на клубот. Ситуацијата можеше да биде уште посериозна уште на почетокот на годината, но интервенцијата од државните структури помогна клубот да продолжи со работа. Сега Монако повторно се надева на решение преку пронаоѓање нов сопственик, кој би донел финансиска стабилност и би го спасил клубот од уште поголеми последици.

