Меѓународен фудбал Светски првенства Фудбал

Шампионите од 2010 година во Далас како голема поддршка за Шпанија против Франција

Репрезентацијата на Шпанија ќе има специјална поддршка од трибините во Далас на полуфиналниот натпревар против Франција на Светското првенство. Шпанската фудбалска федерација организираше доаѓање на легендарната златна генерација која во 2010 година ја освои единствената светска титула. Во свечената ложа ќе се најдат иконите како Икер Касиљас, Андрес Иниеста, Серхио Рамос, Жерар Пике и тогашниот селектор Висенте дел Боске.

Пред почетокот на големото дерби, светските прваци ќе го посетат тренинг-кампот на избраниците на сегашниот предводник Луис де ла Фуенте. Нивната главна цел е да го пренесат победничкиот менталитет и шампионскиот рецепт на своите помлади фудбалски наследници на теренот.

Сегашната генерација на „црвената фурија“ веќе доминира на сцената и има импресивна низа од 36 натпревари без пораз во регуларниот дел. Актуелните европски шампиони на овој Мундијал досега забележаа пет сигурни победи и само едно реми против селекцијата на Зеленортските Острови.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.