Искусниот напаѓач Един Џеко е пред продолжување на соработката со Шалке 04, откако германските медиуми објавија дека двете страни постигнале договор за нов едногодишен договор. Иако сè уште нема официјална потврда од клубот, се очекува ветеранот и наредната сезона да го предводи нападот на тимот од Гелзенкирхен. Четириесетгодишниот босански репрезентативец пристигна во Шалке во јануари од Фиорентина и имаше важна улога во враќањето на клубот во Бундеслигата, постигнувајќи шест погодоци во вториот дел од сезоната.
Џеко неодамна настапи и за репрезентацијата на Босна и Херцеговина на Светското првенство, а по завршувањето на турнирот не сакаше да открие каде ќе ја продолжи кариерата. Сепак, според последните информации, неговата иднина останува врзана за Шалке. Тренерот Мирон Муслиќ најави дека клубот ќе гради тим со искусни и карактерни фудбалери, а Џеко е еден од играчите околу кои ќе се темели проектот за стабилен настап во германската елита. Покрај него, Шалке веќе го засили составот и со Робин Госенс во пресрет на новата сезона.

