Кошарка Меѓународна кошарка

Шај Гилџс-Александер повторно МВП во НБА лигата

Лидер на Оклахома Сити Тандер, Шај Гилџс-Александер, втора година по ред официјално е прогласен за најкорисен кошаркар во НБА лигата. Канаѓанецот ја освои престижната титула со огромен број поени во гласањето, победувајќи ги своите главни конкуренти Никола Јокиќ и Виктор Вембањама.

Суперѕвездата на Оклахома заслужено стигна до признанието откако повторно го предводеше својот тим кон апсолутно најдобриот учинок во лигата. Актуелните шампиони играат во фантастична форма и во плеј-офот, каде во првите две рунди не забележаа ниту еден единствен пораз.

Тимот на Оклахома покажа целосна доминација на теренот и експресно ги елиминираше екипите на Феникс Санс и Лос Анџелес Лејкерс.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.

Поврзани вести