Меѓународен фудбал Фудбал

Севилја тоне кон втората лига

Екипата на Севилја загуби на гостувањето кај Леванте со 2:0 и на шест кога пред крајот на сезоната, се подлабоко влегува во борбата за опстанок. Иван Ромеро го сруши својот поранешен клуб со два гола и му донесе на Леванте три важни бода во битката за опстанок.

Севилја со бледата игра и пораз против Леванте, дополнително си ја закомплицира позицијата и дозболи директниот ривал да им се доближи на само два бода негатива. Севилја се наоѓа на 17-та позиција со 34 бодови, а Алавес е чекор позади нив со еден бод помалку. Леванте е на 19-та позиција со 32 бода, а Овиедо е на дното со 27 бодови.

Со само две победи во последните десет натпревари, Севилја може да заврши на крајот од сезоната на едно од местата кои водат во втората лига и после 26 години, наредната сезона да не бидат дел од елитното друштво.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.

Поврзани вести