Други спортови Тенис

Сестрите Вилијамс повторно заедно: Легендарните Американки спремаат вистински спектакл!

Тенискиот свет доби вест која никој не ја очекуваше, бидејќи легендарните сестри Серена и Венус Вилијамс повторно ги здружуваат своите сили. Организаторите на претстојниот ВТА турнир во Синсинати соопштија дека на познатите Американки им доделија специјална покана за настап во дубл конкуренција.

Ова ќе биде нивно прво заедничко појавување на теренот уште од Отвореното првенство на САД одиграно во 2022 година. Инаку, славните сестри зад себе имаат освоено дури 14 Гренд слем трофеи во парови и важат за еден од најдоминантните тандеми.

Покрај тоа, Венус Вилијамс доби специјална вајлд-карта и за единечна конкуренција, каде што ги предводи преостанатите поканети тенисерки за главната ждрепка. Меѓу нив се наоѓаат и Тејлор Таунзенд и Слоун Стивенс, кои исто така ќе бараат своја шанса за висок пласман пред домашната публика.

Престижното натпреварување во Синсинати ќе се одржи во периодот од 13 до 23 август и најавува комплетно тениско уживање за фановите.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.