Венус и Серена Вилијамс повторно заиграа заедно во двојки по пауза од четири години, но долгоочекуваното враќање заврши со пораз. Легендарниот тандем во Синсинати беше совладан од Марта Костјук и Пејтон Стирнс со 6:2, 1:6, 10:8. Американките имаа лош старт во супертајбрејкот и губеа со 0:6, но покажаа дел од препознатливиот борбен дух и стигнаа до 7:8. Сепак, противничките ги освоија последните два поена и го обезбедија пласманот понатаму.
Венус и Серена во дубл освоија дури три олимписки злата и 14 гренд слем-титули, па нивното повторно појавување на теренот очекувано привлече огромно внимание. Сега останува отворено прашањето дали повторно ќе настапат заедно на УС Опен.
Двете сестри за настап на последниот гренд слем во сезоната ќе имаат потреба од вајлд-карти, но тоа не би требало да претставува проблем. Во моментов има и шпекулации дека токму УС Опен би можел да биде нивниот заеднички проштален настап, но такво нешто сè уште не е официјално потврдено. Серена, која во 2022 година се повлече од професионалниот тенис, во јуни се врати на терените по четири години и настапи на турнирот во Квинс. Во дубл со Викторија Ембоко ја мина првата рунда, но потоа забележа неколку порази, вклучително и елиминација во првото коло на Вимблдон од Маја Џоинт.
Венус, пак, оваа сезона редовно настапува во сингл, но сè уште ја нема запишано првата победа.

