Македонски фудбал Меѓународен фудбал Фудбал

Сервет ја претстави Наташа Андонова како големо летно засилување!

Најдобрата македонска фудбалерка Наташа Андонова ја продолжува својата богата интернационална кариера. Македонската репрезентативка и официјално е ново засилување на швајцарскиот шампион Сервет, кој денеска го потврди нејзиниот ангажман. По настапите во некои од најголемите европски клубови, како Барселона и Пари Сен Жермен, Андонова сега ќе има нов предизвик во Швајцарија. Во Сервет пристигнува од шпанскиот Леванте Лас Планас, каде што настапуваше во изминатиот период.

За Андонова ова е уште една можност да се докаже на највисоко ниво, бидејќи Сервет и оваа сезона ќе се бори за место во групната фаза од Лигата на шампионите. Со своето огромно искуство и квалитет, македонската фудбалерка сигурно ќе биде едно од најголемите засилувања за тимот од Женева. Македонската репрезентативка со години е заштитно лице на женскиот фудбал кај нас, а новиот трансфер е уште една потврда дека и понатаму е ценета на европската сцена.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.