Меѓународен фудбал Фудбал

Серија А доби повеќе фудбал, новите правила веднаш дадоа резултат!

Новите правила со кои Серија А сака да го намали одолговлекувањето веднаш дадоа резултат. Во првото коло, топката била во игра просечно 59 минути и 14 секунди, што е речиси пет минути повеќе во споредба со просекот од минатата сезона. Особено ефикасен бил натпреварот меѓу Аталанта и Сасуоло, каде што топката била активна повеќе од 66 минути.

Меѓу новитетите се и построгите временски ограничувања при гол-аутите и аутите, а голманите можат да бидат казнети со корнер за противникот доколку намерно одолговлекуваат. Променети се и процедурите при замени и укажување лекарска помош. Првите бројки покажуваат дека промените навистина носат повеќе ефективна игра и помалку загубено време. Со новите мерки, целта е натпреварите да имаат побрз ритам и да им понудат на гледачите повеќе реален фудбал. Позитивни реакции веќе пристигнаа и од тренерите, кои сметаат дека натпреварите се поинтересни кога има помалку прекини и одолговлекување.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.