Меѓународен фудбал Фудбал

Серхио Рамос се враќа во Мадрид?

Легендарниот шпански дефанзивец Серхио Рамос сè уште не размислува за крај на својата богата кариера, иако во март го прослави својот 40. роденден. Поранешниот капитен на Реал Мадрид е без клуб откако го напушти мексиканскиот Монтереј, а сега му се отвора можност за враќање во шпанската Ла Лига.

За неговите услуги е заинтересиран Хетафе. Претседателот на клубот од Мадрид, Анхел Торес, потврди дека веќе е воспоставен контакт со братот на познатиот дефанзивец.

Во интервју за шпанската радиостаница „Радио Насионал“, Торес откри дека разговарал со Рене Рамос, кој воедно е и застапник на фудбалерот.

„Разговарав со неговиот агент, односно со неговиот брат. Во моментов имаме шест централни дефанзивци, но Рамос се наоѓа на нашата листа на потенцијални засилувања“, изјави Торес.

Првиот човек на Хетафе додаде дека трансферот не е исклучен, иако шефот на стручниот штаб, Хосе Бордалас, во моментов дава приоритет на доведување крилни играчи. Интересно е што Хетафе неодамна го доведе и Дани Карвахал, па Рамос би можел повторно да се најде во иста соблекувална со својот некогашен соиграч од деновите во Реал Мадрид.

Рамос најголемиот дел од кариерата го мина во Реал Мадрид, каде што освои четири титули во Лигата на шампионите и пет трофеи во шпанското првенство. По заминувањето од „Сантијаго Бернабеу“, Тој настапуваше за ПСЖ, Севиља и Монтереј, а последниот официјален натпревар го одигра во декември 2025 година.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.