Серена Вилијамс сепак нема да се врати во сингл конкуренцијата на УС Опен. Легендарната Американка, која годинава повторно заигра тенис и настапи на Вимблдон, одлучи да го прескокне турнирот во Њујорк. Така, публиката на „Флешинг Медоуз“ нема да има можност да ја види во борба за уште една грен слем титула.
Организаторите имаа уште една специјална покана, но таа ќе и припадне на Софија Кенин, со што стана јасно дека Серена нема да настапи во сингл. Сепак, 23-кратната грен слем шампионка ќе биде дел од турнирот. Вилијамс ќе настапи во микс-дубл, каде што ќе игра во тандем со Карлос Алкараз. Сè уште не е познато дали Серена ќе настапи и во женскиот дубл со својата сестра Венус.
Серена шестпати го освои УС Опен во сингл, а последниот триумф во Њујорк го оствари во 2014 година.

