Македонски фудбал Репрезентација на Македонија Фудбал

Серафимов заработи повреда на раката пред дуелите во Лигата на нации

Македонскиот репрезентативен дефанзивец Никола Серафимов се соочува со неочекувана пауза откако заработи повреда на десната рака на синоќешниот дуел меѓу Левски и Славија Софија. Стоперот претрпе незгоден пад во текот на натпреварот од бугарскиот шампионат, по што веднаш беше заменет и итно пренесен во клиничкиот центар во Софија.

Лекарскиот тим на бугарскиот клуб во текот на денешниот ден треба да ги објави деталните резултати по дополнителните медицински прегледи, но првичните сигнали носат загриженост.

Ова е сериозна главоболка и за селекторот Гоце Седлоски во пресрет на септемвриските искушенија на македонската репрезентација во Б-дивизијата од Лигата на нации. Серафимов беше еден од стандардните столбови во одбраната, па неговото евентуално отсуство дополнително ги комплицира сметките во националниот тим.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.