Меѓународен фудбал Фудбал

Серафимов одигра 90 минути во ремито на Левски и АЕК

Левски и АЕК Атина одиграа без голови во првиот меч од плејофот за пласман во Лигата на шампионите. Пред повеќе од 39.000 гледачи на стадионот „Васил Левски“, мрежите останаа мирни. Патникот во елитата ќе биде познат по реваншот во Атина.

Македонскиот репрезентативец Никола Серафимов беше еден од најдобрите поединци во домашниот состав. Тој беше стартер и го одигра целиот натпревар. Серафимов командуваше со одбраната и не дозволи противникот да стигне до погодок.

Домаќините водени од Хулио Веласкез подобро го започнаа мечот. Сепак, најсериозната закана во првиот дел ја имаше АЕК, предводен од Марко Николиќ. Српскиот напаѓач Лука Јовиќ одлично се снајде во шеснаесетникот, но ја погоди само пречката. Неколку минути подоцна, Јовиќ пропушти уште една шанса по грешката на голманот Вуцов.

Во второто полувреме Левски притисна преку Око-Флекс и Мајкон. Голманот на гостите, Томас Стракоша, интервенираше сигурно во неколку наврати. До крајот на средбата немаше промена на резултатот, па двата тима со рамноправни шанси го чекаат реваншот.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.