Други спортови Тенис

Сензација во Торонто: Александрова ја елиминираше Сабаленка!

Првата тенисерка на светот, Арина Сабаленка, го заврши својот настап на Мастерсот во Торонто уште во осминафиналето, откако претрпе неочекуван пораз од Екатерина Александрова. По голема борба која траеше два и пол часа, руската тенисерка, која моментално се наоѓа на 19-то место на ВТА листата, славеше со 2:1 во сетови и приреди едно од најголемите изненадувања на таа фаза од турнирот.

Натпреварот донесе огромна неизвесност од самиот почеток, а во првиот сет беа видени дури шест брејка. Иако Сабаленка отвори подобро и поведе со 2:0, Александрова го фати вистинскиот ритам, избори тај-брејк и во него славеше со 7:3. Белорусинката одговори со подобра игра во вториот сет за да израмни на 6:4, но во одлучувачкиот трет сет Русинката остана постабилна во клучните моменти за една од најголемите победи во нејзината кариера.

Со овој триумф Александрова се избори за место меѓу осумте најдобри во Торонто, каде што во четвртфиналето ја очекува уште еден голем предизвик и пресметка против Украинката Елина Свитолина.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.