Зеленортските Острови продолжуваат да ја пишуваат најубавата приказна на Светското првенство. Африканската селекција за првпат во својата историја обезбеди место во нокаут-фазата на Мундијалот, откако одигра без голови (0-0) против Саудиска Арабија, а во исто време Уругвај беше поразен од Шпанија со минимални 1-0.
Иако конечниот резултат не донесе погодоци, фудбалерите на Зеленортските Острови оставија подобар впечаток на теренот и создадоа повеќе опасности пред противничкиот гол. Со освоениот бод ја крунисаа одличната групна фаза и испишаа нова страница во историјата на националниот тим.
Во вториот натпревар од групата Х, Шпанија со триумфот над Уругвај го потврди лидерското место. Единствениот погодок на средбата беше дело на Алекс Баена во 42. минута, што беше доволно „црвената фурија“ да ја заврши групната фаза со првата позиција. Во осминафиналето Шпанија ќе се соочи со Австрија или Алжир, додека дебитантите во елиминациската рунда – Зеленортските Острови, ги очекува голем предизвик против Аргентина, во натпревар што ќе биде историски за оваа репрезентација.

