Меѓународен фудбал Фудбал

Сенегал или Мароко? Во ноември ќе се реши спорот за африканската титула!

Судот за спортска арбитража (CAS) во Лозана кон крајот на ноември се очекува да ја донесе конечната одлука за освојувачот на Африканскиот куп на нации 2025. Речиси десет месеци по контроверзното финале, сè уште не е познато кому официјално ќе му припадне трофејот.

Сенегал на 18 јануари го победи Мароко со 1:0 по продолженијата во Рабат, но финалето го одбележа инцидентот со напуштањето на теренот од страна на сенегалските фудбалери по досудениот пенал за домаќините. Брахим Дијаз не го реализираше ударот од белата точка, а Сенегал подоцна стигна до победата. Сепак, на 17 март, жалбената комисија на Африканската фудбалска конфедерација (CAF) го регистрираше натпреварот со службен резултат од 3:0 за Мароко, поради напуштањето на теренот без дозвола од судијата.

Сенегал ја оспори одлуката пред CAS, кој на 8 октомври одржа затворено сослушување. Според француските медиуми, арбитрите сега ги разгледуваат аргументите, а конечната пресуда со правно образложение се очекува кон крајот на ноември. Со тоа, по повеќемесечната неизвесност, би требало да биде разрешено прашањето дали трофејот ќе остане кај Сенегал или официјално ќе му припадне на Мароко.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.