Меѓународен фудбал Фудбал

Семењо надвор од терените два месеци, Халанд под знак прашалник за АЕК

Триумфот над Ипсвич донесе нови главоболки за менаџерот на Манчестер Сити, Енцо Мареска, кој пред дуелот од третото коло во Лигата на шампионите против АЕК ги откри лошите вести за здравствениот билтен во својот табор. Најлошо помина Антоан Семењо, кој поради повреда ќе мора да паузира дури осум недели, додека ситуацијата со првиот голгетер Ерлинг Халанд е сѐ уште неизвесна.

Мареска потврди дека Семењо го чека двомесечна пауза, иако првичните предвидувања беа уште попесимистички. Што се однесува до норвешката гол-машина, кој го одигра целиот меч против Ипсвич, италијанскиот стратег истакна дека состојбата се подобрува, па постојат шанси тој да се најде во составот за европскиот предизвик.

„Семењо ќе биде надвор од теренот околу осум недели, иако искрено очекувавме и полоши вести. За Халанд ќе видиме, постои можност да заигра. Имавме одредени сомнежи по последниот првенствен меч, но на последниот тренинг се чувствуваше подобро“, изјави Мареска.

И покрај тоа што Сити го чека згуснат распоред, Мареска најави дека нема намера да прави преголеми калкулации и ротации против грчкиот претставник, посебно по поразот во претходното коло од елитното натпреварување.

„Ова е исклучително важен натпревар за нас, ова е Лига на шампиони. Го загубивме последниот меч во Европа и мораме да се вратиме на победничките патеки, па затоа на теренот ќе го изведеме најдобриот можен состав што го имаме на располагање“, порача предводникот на Сити.

Натпреварот меѓу Манчестер Сити и АЕК се игра во вторник на „Етихад“ со почеток од 21:00 часот.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.