Меѓународен фудбал Светски првенства Фудбал

Селекторот на Иран: Не ни дозволија нормални подготовки!

Селекторот на Иран, Амир Галенои, упати сериозни критики кон организаторите на Светското првенство, обвинувајќи ги американските власти дека со ограничувањата за патување значително го отежнале настапот на неговата репрезентација. По ремито 1:1 со Египет, Галенои истакна дека честите патувања меѓу Мексико и САД негативно влијаеле врз физичката и психолошката подготвеност на играчите. Според него, доколку тимот имал можност порано да пристигне и да се подготвува во САД, резултатите ќе биле многу подобри.

Иран беше на чекор до победа и директен пласман во осминафиналето, но голот во судиското продолжение беше поништен по интервенција на ВАР поради офсајд.

„Освен што имавме тешки услови, нè следеше и голем малер. Апелирам до ФИФА во иднина да не дозволува домаќините на ваков начин да влијаат врз подготовките на репрезентациите“, порача Галенои.

Иран сега останува во исчекување на конечниот расплет во групната фаза и се надева на историски пласман во нокаут-рунда.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.