Селекторот на Франција, Дидие Дешамп, со голема доза почит зборуваше за Шпанија во пресрет на полуфиналниот дуел на Светското првенство, оценувајќи дека актуелниот европски шампион во моментов има улога на фаворит. Францускиот стратег истакна дека добро го познава квалитетот на шпанската репрезентација, потсетувајќи дека двете селекции неодамна се сретнаа и во завршницата на Лигата на нации.
„Добро знаеме колку е силна Шпанија. Тие се актуелни европски шампиони и веќе долго време играат на високо ниво“, изјави Дешамп.
Тој нагласи дека пред стартот на Мундијалот и Франција важела за еден од главните кандидати за титулата, но смета дека моменталната форма ѝ дава предност на „црвената фурија“.
„Пред турнирот и ние бевме меѓу фаворитите, но сега мислам дека Шпанија е чекор пред сите. Ова не го кажувам за да им создадам дополнителен притисок, туку затоа што го заслужија со своите игри и резултати“, порача францускиот селектор.
И покрај тоа што ја признава силата на противникот, Дешан верува дека неговата репрезентација има квалитет да се избори за место во финалето.
„Нè очекува натпревар на највисоко можно ниво. Полуфинале на Светско првенство секогаш носи огромен предизвик, а двете селекции имаат доволно квалитет за да се надеваат на победа“, истакна Дешамп.

