Меѓународен фудбал Светски првенства Фудбал

Селекторот на Брегот на Слоновата Коска ја обвини Германија за неспортско однесување

И покрај поразот од Германија со 2-1, најголемо внимание по натпреварот привлече реакцијата на селекторот на Брегот на Слоновата Коска, Емерс Фае. Тој јавно изрази незадоволство од однесувањето на германските фудбалери, оценувајќи дека не ги испочитувале принципите на фер-плеј.

Спорниот момент се случил во завршницата на натпреварот кога дефанзивецот Вилфрид Синго останал на тревникот по судир со противнички играч. Наместо топката да биде вратена по прекинот, Германците продолжиле со акцијата, што предизвикало револт кај африканската селекција.

Фае откри и дека имал кратка расправија со еден од германските фудбалери, нагласувајќи дека од репрезентација со таква традиција очекувал повеќе почит и спортски дух. Во меѓувреме, Германија со максимални шест бода веќе обезбеди место во нокаут-фазата, додека Брегот на Слоновата Коска останува во игра за пласман понатаму.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.