Македонски фудбал Фудбал

Седлоски: Успеавме, заминувам со убави спомени

Тренерот Гоце Седлоски не го криеше задоволство по освоениот шампионат со Вардар. Сега, како што порача тој самиот, го напушта колективот со убави спомени. Во неговиот мандат го освои купот, а денеска ја завери и титулата првак на Македонија со Вардар.

Седлоски порача дека од денес е максимално фокусиран на репрезентацијата на Македонија, каде што ја извршува улогата на селектор.

„Најголемите заслуги за овој успех им припаѓаат на фудбалерите. За година и половина тука освоивме и Куп и титула, па останува само мал жал што уште оваа сезона не стигнавме до двојната круна. Кога ќе погледнеме каде беше Вардар кога дојдов и каде е денес, овој трофеј е целосно заслужен плод на трудот на играчите и управата.

Од денес повеќе не сум тренер на Вардар. Момците дадоа сè од себе за мене и затоа оваа разделба ми паѓа тешко. Им посакувам многу среќа во иднина на нив и на мојот наследник, со желби за добри резултати во Европа, а веќе следната сезона клубот да ја освои двојната круна“, истакна Седлоски.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.