Европски првенства Македонски фудбал Меѓународен фудбал Репрезентација на Македонија Фудбал

Седлоски со 28 фудбалери за турбо-циклусот во Лигата на нациите! (ФОТО)

Македонската фудбалска репрезентација ја очекува исклучително густ распоред во Лигата на нациите, со дури четири натпревари во период од само 11 дена. Нашата селекција за првпат ќе настапува во Б-конкуренцијата, каде што ќе има можност да се соочи со сериозни европски репрезентации. Селекторот Гоце Седлоски веќе го објави проширениот список за претстојниот циклус. На него се најдоа 28 фудбалери, меѓу кои и четворица играчи кои за првпат добиваат повик во сениорскиот национален тим – Анес Мељичи, Ѓорѓе Џеков, Матеј Гаштаров и Христијан Малески.

Повикани фудбалери:

Голмани: Столе Димитриевски (Валенсија, Шпанија), Дамјан Шишковски (Борац Бања Лука, БиХ), Давор Талески (Вардар);

Одбрана: Ѓоко Зајков (Ајман, ОАЕ), Анес Мељичи (Шкендија), Висар Муслиу (Сент Труден, Белгија), Ѓорѓе Џеков (Силекс), Марио Младеновски (Вараждин, Хрватска), Бојан Илиевски (Тирана, Албанија), Андреј Стојчевски (Словачко, Совачка), Себастијан Херера (Борац Бања Лука, БиХ), Езѓан Алиоски (Лугано, Швајцарија), Дин Аломеровиќ (УТА Арад, Романија);

Среден ред: Јани Атанасов (Актобе, Казахстан), Агон Елези (Сараево, БиХ), Бобан Николов (Вардар), Лука Станковски (Колос Коваливка, Украина), Тихомир Костадинов (Словачко, Словачка), Елиф Елмас (Аталанта, Италија), Енис Барди (Коњаспор, Турција), Матеј Гаштаров (Црвена Звезда, Србија), Љупче Дориев (Согдијана, Узбекистан), Дарко Чурлинов (Погон Шчечин, Полска), Димитар Митровски (Олимпија Љубљана, Словенија);

Напад: Елмин Растодер (Панатинаикос, Грција), Бојан Миовски (Ренџерс, Шкотска), Азер Омерагиќ (Вардар), Христијан Малески (Струга Трим Љум);

Репрезентативците ќе пристигнат во Скопје на 21 септември, по што Седлоски ќе започне со подготовките за серијата натпревари. Краткиот период за тренинзи ќе биде дополнителен предизвик за стручниот штаб, особено поради динамиката на распоредот. Првиот натпревар Македонија ќе го одигра на 26 септември, кога на Арената „Тодор Проески“ ќе гостува Швајцарија. Почетокот е закажан за 20:45 часот.

Само три дена подоцна следува гостувањето кај Словенија, а на 3 октомври Македонија повторно ќе игра пред домашната публика, овојпат против Шкотска. Интензивниот циклус ќе биде заокружен на 6 октомври со гостување во Швајцарија. Остануваат уште два натпревари во групата, кои ќе се одиграат во ноември. Македонија прво ќе гостува кај Шкотска, а потоа на домашен терен ќе ја пречека Словенија. Пред националниот тим, така, е период во кој секој бод може да има значење, а големиот број натпревари во краток временски интервал ќе бара максимална концентрација и ротација на расположливите сили.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.