Репрезентација на Македонија Светски првенства Фудбал

Седлоски: Одговорноста за поразот е моја!

Македонија убедливо загуби на денешниот пријателски натпревар во Истанбул против домашната селекција на Турција. Домаќините беа подобри, конкретни и успеаја да постигнат четири гола во нашата мрежа.

Селекторот Гоце Седлоски на официјалната прес конференција по натпреварот, изјави дека целата одговорност за поразот ја превзема исклучиво тој и повика „играчите да се остават на мира”.

„Честитки за Турција, заслужено нè победија бидејќи се навистина квалитетна репрезентација. Загубивме со 4-0 и ја преземам целата одговорност на себе – јас ги бирам играчите и јас ја поставив тактиката со која не сум задоволен. Ова беше пријателски меч во кој им дадов шанса на сите за да научиме нешто. Точно е дека имаме четири натпревари без даден гол, работиме на тоа, но игравме со моќни противници кои сурово ја казнуваат секоја наша грешка.

Создаваме нешто ново, но играчите мора да сфатат дека по примен гол не смееме да се распаѓаме и дека мора да се оправда националниот дрес. Овие натпревари со Данска и Турција ми дадоа јасна слика за секој поединец пред Лигата на нациите. Фудбалерите оставете ги на мир, вината е моја, а кој ќе игра во септември – ќе видиме“ порача Седлоски.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.