Македонски фудбал Меѓународен фудбал Репрезентација на Македонија Фудбал

Седлоски и Јакин ги објавија составите, Гаштаров дебитира против Швајцарија! (ФОТО)

Селекторите на Македонија и Швајцарија, Гоце Седлоски и Мурат Јакин, ги одредија стартните состави за вечерашниот натпревар во Скопје, во рамките на Лигата на нации. Најголемото внимание кај македонската репрезентација го привлекува Матеј Гаштаров. Фудбалерот на Црвена Звезда ќе го има своето деби во националниот дрес, а Седлоски му даде доверба веднаш од првата минута. Гаштаров зад себе има добри настапи на клупски план, а сега ќе добие можност да се претстави и на репрезентативната сцена.

Македонија ќе започне во формација 4-2-3-1, со Димитриевски на голот. Во последната линија се Илиевски, Муслиу, Зајков и Херера, додека Гаштаров и Барди ќе бидат во средниот ред.

Офанзивниот дел го сочинуваат Елмас, Миовски и Костадинов, а најистурен во нападот ќе биде Растодер.

Македонија: Димитриевски; Илиевски, Муслиу, Зајков, Херера; Гаштаров, Барди; Елмас, Миовски, Костадинов; Растодер.

Швајцарија ќе настапи со Кобел на голот, пред кој ќе настапат Евелди, Аканџи, Фројлер, Манзамби, Амдуни, Ндоје, Родригез, Јашари, Атекаме и Ридер.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.