Несекојдневна сцена го одбележа тренингот на шведската репрезентација на Светското првенство, откако дел од трибината на стадионот во Фриско ненадејно се урна за време на подготовките на селекцијата. Инцидентот се случил на арената во близина на Далас. Според првичните информации, до уривањето дошло додека на објектот се изведувале градежни работи, а најважно е што никој не бил повреден.
Фудбалерите останале во шок кога слушнале силен тресок. Репрезентативецот Бесфорд Зенели изјави дека во моментот на несреќата немало никакви временски услови што би можеле да ја предизвикаат.
„Немаше силен ветер, ниту земјотрес. Од тоа што го слушнав, конструкцијата едноставно се срушила на погрешната страна“, изјави Зенели.
И покрај непријатната ситуација, подготовките не биле прекинати. Селекторот Греам Потер објасни дека теренот не бил зафатен од уривањето, па репрезентацијата без проблем го завршила планираниот тренинг.

