Меѓународен ракомет Ракомет

Се поништува скандалот, Партизан и Војводина пред празни трибини!

Вистинска драма и административен хаос ја тресат ракометна Србија по скандалозните случувања во финалната серија за шампионскиот трофеј. Иако се чинеше дека приказната е готова, ракометарите на Партизан сепак сè уште не се официјални прваци, откако беше донесена шокантна одлука за поништување на прекинатиот натпревар и одигрување на целосно нов дуел.

Како што пренесуваат српските медиуми, Војводина и Партизан ќе мора повторно да ги одмерат силите во понеделник со почеток во 19:00 часот во салата „Слана Бара“. Единствената и клучна промена е што овојпат вратите ќе останат затворени за јавноста, па двата тима ќе се борат за трофејот во втората средба од финалниот пласман на АРКУС лигата пред празни трибини.

Да потсетиме, Партизан славеше во првиот дуел со 33:27, но реваншот беше прекинат по само 15 минути игра при водство на Војводина од 6:5, откако навивачите на белградскиот клуб фрлија пиротехнички средства на теренот. Службените лица тогаш планираа мечот да продолжи откако полицијата ќе направи безбедносен прстен, но ракометарите на Војводина одбија да излезат од соблекувалната.

Судиите тогаш отсвирија крај и му ја доделија титулата на Партизан, која сега е декретно поништена.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.