Кошарка Меѓународна кошарка

Се подготвува спектакуларен документарец за кариерата на Леброн

Кошаркарот на Филаделфија, Леброн Џејмс, официјално потврди дека е во подготовка документарен филм посветен на неговиот живот и кариера. Во интервју за „Boardroom Talks“, Џејмс откри дека публиката ќе има можност да види досега невидени снимки зад кулисите, кои продукциските екипи во соработка со ЕСПН ги собирале речиси десет години.

„Подготвувам навистина добар документарец. Кога ќе го завршам, тоа ќе биде вистински спектакл“, изјави еден од најдобрите кошаркари во историјата.

Филмот го опфаќа неговиот комплетен пат, од влезот во НБА лигата во 2003 година како прв пик со огромни очекувања, преку освојувањето на титулите со Мајами Хит, Кливленд Кавалирс и Лос Анџелес Лејкерс, па сè до неговиот премин во Филаделфија ова лето како слободен агент. Поради концепцијата и ретките архивски материјали, овој проект веќе се споредува со познатиот документарец на Мајкл Џордан, „Последниот танц“.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.