Меѓународен фудбал Фудбал

Сè е готово: Бруно Гимараеш е ново засилување на Арсенал!

Сагата околу Бруно Гимараеш конечно заврши со успешен исход за Арсенал. Англискиот шампион постигна целосен договор со Њукасл, со што бразилскиот репрезентативец и досегашен капитен на „страчките“ од следната сезона официјално го презема средниот ред на лондонскиот клуб.

Иако Њукасл ја одби првата понуда, втората офанзива на „топчиите“ уроди со плод и на играчот му беше исполнета желбата за преселба на „Емирати“. Вкупната вредност на овој трансфер изнесува 87,5 милиони евра, со тоа што на Њукасл ќе му припаднат нешто помалку од 80 милиони, бидејќи осум милиони евра ќе завршат кај Лион на име на претходни проценти од продажбата.

Со оваа зделка Арсенал го продолжува силниот преоден рок по доаѓањата на Христос Цолис за 40 милиони евра и Илан Мелие како слободен играч. Од друга страна, егзодусот во Њукасл продолжува, со оглед на тоа што клубот летово веќе ги загуби и Ентони Гордон и Сандро Тонали.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.