Кошарка Меѓународна кошарка

Се чека само Денвер: Валанчунас се враќа во Европа!

Литванскиот џин Јонас Валанчунас е пред заминување од НБА лигата и најверојатно се враќа на европските терени. Искусниот центар веќе не е во сериозните планови на Денвер Нагетс, каде што имаше скромна улога изминатава сезона.

Денвер започнува тотална реконструкција на тимот. Управата на клубот најави дека буквално сите кошаркари се достапни за трејд, освен недопирливиот Никола Јокиќ. Денвер има рок до 8 јули да одлучи за иднината на Литванецот. Доколку го отпуштат, Валанчунас ќе си замине со чисти два милиони долари отштета.

Искусниот кошаркар веќе не крие дека преговара со европски гиганти. Тој потврди контакти со два евролигашки клуба, но и со тим од неговата татковина. Валанчунас бара сериозна минутажа на теренот и борба за трофеи, наместо да ја грее клупата во Америка. Расплетот околу овој трансфер ќе биде познат во првата недела од јули.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.