Други спортови Одбојка

СЦ Јане Сандански ги поздрави одбојкарките на ЖОК Вардар Ем!

Навивачите во СЦ Јане Сандански, денеска, пред натпреварот РК Вардар – ГРК Охрид, имаа можност да ги поздрават одбојкарките од ЖОК Вардар Ем кои беа специјални гости по повод освојувањето на Купот на Македонија. Пред нешто повеќе од една седмица токму во оваа сала, во финалето, го победија тимот на ОК Наковски Волеј и за прв пат, како дебитанти освојуваат трофеј.

Публиката уште еднаш покажа колку го цени, почитува и милува името Вардар и црвено-црниот дрес.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.

Поврзани вести