Англискиот фудбал го потресе незапаметен скандал откако екипата на Саутемптон официјално беше дисквалификувана од плеј-офот за пласман во елитната Премиер лига. Англиската фудбалска лига донесе ваква радикална одлука поради потврдените обвинувања за неовластено снимање и шпиунирање на тренинзите на противничкиот состав на Мидлсброу.
Независната дисциплинска комисија утврдила сериозни прекршувања, па покрај автоматското исфрлање, клубот следната натпреварувачка сезона ќе ја започне со минус четири бодови. По овој шокантен пресврт, оштетениот Мидлсброу експресно се враќа во плеј-офот и ќе игра против Хал во големото финале закажано за 23-ти мај.

