Меѓународен фудбал Фудбал

Саудијците го отпуштија селекторот Ренар два месеци пред Муднијалот

Францускиот стручњак Ерве Ренар повеќе нема да ја предводи репрезентацијата на Саудиска Арабија. Оваа вест доаѓа во нечекуван и доста осетлив период, на само два месеца од почетокот на Светското првенство, кое ќе се одржи во САД, Канада и Мексико. Ренар беше предводник на Саудиска Арабија на Светското првенство во Катар, каде успеаја во групната фаза да слават победа против Аргентина, која потоа стана светски првак.

Саудиска Арабија на престојното првенство се наоѓа во група со Шпанија, Уругвај и Зеленортски Острови.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.

Поврзани вести