Кошарка Меѓународна кошарка

Саша Обрадовиќ е нов тренер на Хапоел Ерусалим

Српскиот кошаркарски стратег Саша Обрадовиќ експресно пронајде нов ангажман и официјално ја презеде клупата на Хапоел Ерусалим. Израелскиот клуб со гордост потврди дека со поранешниот тренер на Црвена ѕвезда и Монако е потпишан договор со важност до крајот на сезоната 2028/29.

Потписот не е изненадување за јавноста бидејќи преговорите траеја со недели, а искусниот стручњак откри дека токму големиот проект на клубот бил пресуден да ја прифати понудата.

„Пресреќен сум што доаѓам во Хапоел. По долгогодишно работење во Евролигата, го избрав овој клуб бидејќи сум импресиониран од нивната визија, високи стандарди и големи амбиции. Целта ни е јасна – да изградиме моќен, талентиран и борбен тим кој ќе нападне трофеи на сите фронтови“, изјави Обрадовиќ.

Тој испрати и посебна порака до фановите на Хапоел, истакнувајќи дека едвај чека да ја почувствува фанатичната атмосфера по која се препознатливи навивачите во Ерусалим, ветувајќи дека ќе направи сè за да ги направи горди на својот тим.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.