Меѓународен фудбал Фудбал

Саша Илиќ сепак останува на клупата на Партизан

Легендарниот капитен и актуелен шеф на стручниот штаб на Партизан, Саша Илиќ, по сите изгледи ќе продолжи да ја предводи екипата од Белград. Иако по тешкиот пораз и дебаклот против Младост Лучани се чинеше дека неговото заминување е завршена работа, во редовите на црно-белите се случи целосен пресврт и тој одлучи да остане на функцијата.

По натпреварот во Лучани, Илиќ поднесе оставка и не ги предводеше првите два тренинга на екипата, додека раководството се обидуваше да го убеди да го води тимот барем до реванш-средбата против Хетафе. Сепак, огромната поддршка од трибините и позитивната еуфорија која се создаде околу тој натпревар беа клучниот фактор Илиќ да ја промени одлуката и да продолжи да работи во Хумска.

Покрај тренерското прашање, во Партизан засега нема најави ниту за промени во клупското раководство. Иако за крајот на септември е закажано официјалното Собрание на клубот, според актуелните сигнали не се очекуваат поголеми кадровски ротации во управната структура на црно-белите.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.