Кошарка Македонска кошарка Меѓународна кошарка

Саша Димитријевиќ се врати во МЗТ Скопје, ќе ја предводи младинската школа

МЗТ Скопје го засили својот стручен кадар со враќањето на Саша Димитријевиќ, кој е назначен за нов координатор на младинската школа на клубот. Димитријевиќ, кој во минатото беше дел од стручниот штаб на „сино-белите“, зад себе има богато искуство и во репрезентативната кошарка, работејќи како селектор на повеќе младински селекции на Македонија.

Неговата главна задача ќе биде реорганизација и унапредување на работата во младинскиот погон, со цел повторно да се создаде средина во која ќе се развиваат најталентираните млади кошаркари во земјата. Во клубот веруваат дека со неговото искуство и во соработка со тренерите од младинската школа ќе се подигне нивото на работа, а МЗТ Скопје повторно ќе биде прв избор за младите таленти и еден од главните двигатели на развојот на македонската кошарка.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.