Ракомет Репрезентација на Македонија

Сара Ристовска се враќа во црвено-жолто: Голема чест е повторно да играм за Македонија!

Женската ракометна репрезентација на Македонија влегува во клучна фаза од подготовките за претстојното Европско првенство на крајот од годината. Во новата ера под палката на новиот селектор Игор Марковиќ, црвено-жолтите го добиваат и најголемото можно засилување, враќањето на капитенката Сара Ристовска.

Првата сериозна проверка за подмладениот и мотивиран национален состав ќе биде традиционалниот турнир „Трофеј Македонија“, кој оваа година ги носи најсилните регионални селекции во Охрид. Во салата „Билјанини Извори“, покрај нашата репрезентација, ќе настапат и силните состави на Црна Гора, Србија и Хрватска, што гарантира вистински ракометен спектакл.

За Ристовска, ова е емотивен повратнички момент и можност одново да ги предводи девојките кон нови успеси на меѓународната сцена.

„По подолга пауза повторно сум дел од репрезентацијата и навистина ми е голема чест што пак ќе борам на теренот заедно со девојките. Нè очекуваат силни натпревари на ‘Трофеј Македонија’, па ги повикувам сите љубители на ракометот да дојдат во голем број во Охрид и да ни ја дадат потребната поддршка“, истакна капитенката.

Со полни трибини во Охрид и квалитетни ривали на спротивната страна, Марковиќ и неговите избранички ќе имаат идеална можност да ги темпираат сите линии пред најважниот континентален предизвик годинава.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.