Рома го договори првото големо засилување за новата сезона. Сантијаго Кастро во следните часови треба да пристигне во италијанската престолнина и да го комплетира трансферот од Болоња вреден 35 милиони евра.
Според информациите од Италија, клубовите се договорија за сума од 30 милиони евра плус дополнителни пет милиони преку бонуси. Аргентинскиот 22-годишен напаѓач ги прифати личните услови и ќе заработува околу два милиони евра по сезона.
Џанпјеро Гасперини во Кастро гледа агресивен и борбен фудбалер кој совршено се вклопува во неговиот систем. Тој во Рим не доаѓа само како замена за Дониел Мален, туку и како опција за формации со двајца напаѓачи.
Неговото пристигнување истовремено го означува и заминувањето на Артем Довбик од Рим. Гасперини повеќе не смета на него, а токму Болоња се споменува како најверојатна дестинација за Украиннецот.
Пред да го договори Кастро, раководството на Рома ја продолжи соработката со Пауло Дибала, како и со италијанските репрезентативци Манчини и Кристанте.

