Репрезентативецот на Брегот на Слоновата Коска, Ибрахим Сангаре, стави потпис на нов тригодишен договор со Нотингем Форест, со што останува верен на клубот од „Сити Граунд“.
Дефанзивниот играч за врска пристигна кај „шумарите“ во 2023 година од редовите на ПСВ во трансфер вреден 30 милиони фунти. Изминатата сезона тој беше меѓу најстандардните првотимци, запишувајќи 43 настапи во сите натпреварувања.
Сангаре не го криеше задоволството по потпишувањето на новата соработка.
„Среќен сум што потпишав нов договор. Ова е вистински момент да им се заблагодарам на навивачите. Минатата сезона не беше лесна, но тие постојано беа со нас. Клубот веќе го чувствувам како моја фамилија и со нетрпение ја чекам соработката со новиот тренер“, изјави Сангаре.
28-годишниот фудбалер досега има одиграно 77 натпревари за англискиот тим. Тој имаше важна улога во опстанокот во Премиер лигата, како и во историскиот пласман на Нотингем Форест во полуфиналето од Лигата на Европа.

