Меѓународен фудбал Фудбал

Санчез Муњоз го презема заспаниот гигант Ајакс!

Ајакс реши да повлече конкретен потег и го пронајде својот нов предводник во Шпанија. Станува збор за Мигел Анхел Санчез Муњоз, попознат како Мичел, кој стави потпис на долгорочен договор со холандскиот великан со важност до јуни 2028 година.

Зад 50-годишниот стратег е период на вистинска емотивна вртелешка. Тој помина пет незаборавни години на клупата на Жирона, каде што пред две сезони направи вистинско чудо и го однесе скромниот тим до историски пласман во Лигата на шампионите. Сепак, фудбалот покажа колку може да биде суров, па оваа сезона неговиот проект доживеа крах со шокантно испаѓање во втората шпанска лига, по што разделбата беше неминовна.

И покрај овој последен тежок удар, четирикратниот европски шампион очигледно има огромна доверба во квалитетите на шпанскиот стручњак. Пред Мичел сега е огромен предизвик, да го крене Ајакс на нозе, да ја врати препознатливата победничка филозофија во Амстердам и да докаже дека епизодата со Жирона беше само лош детал во една инаку одлична тренерска кариера.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.