Кошарка Меѓународна кошарка

Сан Антонио убедлив против Феникс, Вембањама со фантастичен учинок (ВИДЕО)

Сан Антонио Спарс продолжува со импресивните настапи во НБА-лигата, откако на гостувањето кај Феникс Санс славеше убедлива победа од 122:96. Францускиот центар Виктор Вембањама беше апсолутен лидер на гостите, завршувајќи го натпреварот со 40 поени, 11 скока и дури девет блокади. Спарс уште во првото полувреме покажаа дека се во одличен ритам, па на паузата заминаа со предност од 61:46. Клучната разлика беше направена во третата четвртина, во која тимот од Тексас дополнително ја зголеми предноста и практично го реши прашањето околу победникот.

Особено се истакна и дебитантот Дилан Харпер, кој постигна 17 поени, од кои 14 во третата четвртина. Де’Арон Фокс придонесе со 15 поени и девет скока, додека на спротивната страна Девин Букер беше најефикасен со 32 поени. Со овој триумф Сан Антонио стигна до деветтата последователна победа и го задржа совршениот гостински биланс, додека Феникс ја прекина серијата од два триумфа.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.