Драмата во финалната серија на Западната конференција го достигнува својот врв откако Сан Антонио Спарс успеаја да преживеат. Оклахома Сити Тандер имаше златна шанса пред своите навивачи да ја затвори серијата, но наместо славје, доживеа вистинска лекција и тежок пораз од 118:91, со што резултатот сега е израмнет на 3:3.
Клучот за триумфот беше неверојатниот Виктор Вембањама, кој по послабиот петти меч, сега одговори со брутална партија далеку од обрачот. Французинот ја отвори средбата со тројки, наметна темпо кое противникот не можеше да го следи и за само 28 минути на паркетот постигна 28 поени, 10 скокови и 3 блокади.
Спарси го решија мечот во третата четвртина со неверојатна серија од 20:0, период во кој Оклахома не постигна поен дури 7 минути и 27 секунди. Најдобар доказ за тимската сила на Сан Антонио е што повеќето поени во оваа серија беа постигнати додека Вембањама одмараше на клупата.

