Кошарка Меѓународна кошарка

Сан Антонио се пласираше во четвртфиналето, високи победи на Њу Јорк и Филаделфија

Екипата на Сан Антонио е вториот патник во полуфиналето од Плеј-оф фазата во НБА лигата, после Оклахома Сити. До ова дојдоа вечерва со новата победа над Портланд со убедливи 114:95. „Спарси“ уште од стартот ја имаа контролата и веќе на полувремето имаа висока предност од 20 поени (65:45), а вториот дел го одиграа рутински и ја заверија победата. Фокс беше најпрецизен кај победничкиот тим со 21 поен, а првата ѕвезда на тимот, Вембенјама дојде до дабл-дабл со 17 поени и 14 скока.

Во следната фаза Сан Антонио ќе го чека подобриот од дуелот помеѓу Денвер и Минесота.

Њу Јорк Никс славеа над Атланта со 126:97 и со убедлива игра во својата „Медисон Сквер Гардер“ арена, поведоа во серијата со 3-2. Никси го почнаа одлично натпреварот и во секој дел беа подобриот противник. Брансон беше фанантастичен и со 39 поени и 8 асистенции го предводеше својот Њу Јорк до оваа победа. Кај поразениот тим Џејлен Џонсон запиша 18 поени, надополнети со 10 скока.

Бостон беше непријатно изненаден и пред своите фанови доживеа убедлив пораз од Филаделфија со 97:113, за намалување на предноста во серијата на 3-2. Првото полувреме беше израмнето и заврши со предност на домашниот тим (57:50), но гостите заиграа подобро во вториот дел, а клучна беше последната четвртина која Филаделфија ја доби со 28:11 и му нанесе убедлив пораз на Бостон. Ембид беше најпрецизен на теренот со 33 поени, а го следеше Макси со 25 поени и 10 скока, додека кај Бостон најдобар беше Тејтум со 24 поени и 16 скока.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.

Поврзани вести