Меѓународен фудбал Светски првенства Фудбал

Самурајски солзи: Нагатомо на петти Мундијал! (ВИДЕО)

Искусниот јапонски дефанзивец Јуто Нагатомо емотивно и со солзи во очите ја дочека веста за својот петти Мундијал во кариерата. Иако има 39 години, тој не ја криеше огромната среќа кога селекторот Хаџиме Моријасу го соопшти финалниот список на патници.

Повикот беше вистинско изненадување бидејќи ветеранот на ФК Токио одигра само два натпревари за националниот тим по 2022 година. Предводникот на „самураите“ сепак одлучи дека неговото огромно искуство ќе биде клучно за дуелите со Холандија, Тунис и Шведска. Поранешниот ас на Интер, Галатасарај и Марсеј уште еднаш покажа како вистински се сака и се почитува националниот дрес.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.