Меѓународен фудбал Светски првенства Фудбал

Салах со порака до светот: Ова е историски момент за Египет!

Мохамед Салах беше емоционален по големата победа на Египет над Австралија по изведување пенали на Светското првенство, истакнувајќи дека овој триумф ќе остане запишан во историјата на националниот тим. Натпреварот заврши 1:1 по регуларниот дел и продолженијата, а Египќаните беа поуспешни во пенал серијата со 4:2.

Ѕвездата на египетската репрезентација нагласи дека пред мечот им порачал на соиграчите да играат без притисок и да уживаат во моментот, што според него било клучно за смиреноста во одлучувачките моменти. Тој исто така истакна дека противникот промашил две пенали, што значително го насочило текот на дуелот.

Салах ја презеде одговорноста во клучен момент, нагласувајќи дека искуството е она што прави разлика во вакви ситуации. Во осминафиналето Египет ќе се соочи со силната Аргентина во нов голем предизвик на турнирот.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.