Турскиот фудбал е пред тотална експлозија на трансфер-пазарот. Мохамед Салах ја прифати понудата на Бешикташ вредна 13 милиони евра нето по сезона плус дополнителни бонуси. Египетската ѕвезда вечерва со приватен авион од Миконос пристигнува во Истанбул на медицински прегледи и потпис на договорот. По заминувањето од Ливерпул, тој имаше понуди од Саудиска Арабија и МЛС лигата, но се одлучи за понудата на турскиот гигант.
Спектакуларните најави во Истанбул тука не застануваат. Фенербахче има постигнато устен договор со Рафаел Леао. Се чека само конечното зелено светло од Милан, кој бара обештетување од 50 милиони евра за Португалецот.
Најголема енпигма за турските медиуми во моментов е Душан Влаховиќ. За српскиот напаѓач Бешикташ подготви богата плата од 8 до 12 милиони евра, како и бонус за потпис од речиси 20 милиони евра, а како клучен посредник во преговорите се појавува поранешниот фудбалер Душко Тошиќ. По веќе реализираниот трансфер на Мејсон Гринвуд во Фенербахче, турската Суперлига следната сезона ќе биде преполна со светски ѕвезди.

