Египет направи голем чекор на Светското првенство и обезбеди место во следната фаза откако со пресврт ја совлада селекцијата на Нов Зеланд со 3-1. „Фараоните“ не го започнаа натпреварот според посакуваното сценарио. Нов Зеланд беше поопасен во воведните минути и заслужено стигна до водство преку Фин Сурман, кој ја искористи добрата акција на својот тим и погоди за 1-0 пред паузата.
Сепак, во второто полувреме Египет покажа сосема поинакво лице. По неколкуте предупредувања кон противничкиот гол, Мустафа Зико успеа да израмни и да го врати својот тим во игра. Само неколку минути подоцна, на сцена стапи Мохамед Салах, кој со прецизна завршница го комплетираше пресвртот и донесе предност за африканската репрезентација.Конечниот резултат го постави Трезеге во завршницата од средбата по корнер што го изведе токму Салах, кој натпреварот го заврши со гол и асистенција.
Со оваа победа Египет ја оствари првата победа на турнирот и обезбеди пласман во нокаут-фазата, додека Нов Зеланд остана без шанси за продолжување на настапот на Светското првенство.

