Египетската фудбалска ѕвезда Мохамед Салах пристигна во Будимпешта каде со својот Трабзонспор го очекува реванш-натпреварот против Ференцварош во рамките од плејофот за пласман во Лигата на Европа. Стотици навивачи се собраа на аеродромот во главниот град на Унгарија со желба да го пречекаат, да земат автограм или да се фотографираат со него, но на крајот останаа разочарани од реакцијата на познатиот фудбалер.
Салах одби да помине покрај собраните фанови без придружба на силно обезбедување и целосно го игнорираше нивното присуство, без притоа ниту да погледне во нивен правец. Ова не е првпат египетскиот напаѓач да покаже ваков вид на студено и дистанцирано однесување кон публиката, што во минатото веќе неколку пати предизвикуваше слични реакции кај љубителите на фудбалот.
Реванш-средбата меѓу Ференцварош и Трабзонспор се игра вечерва со почеток од 20:30 часот во Будимпешта. Унгарскиот шампион влегува со блага предност на овој дуел, откако на првиот меч одигран во Турција славеше со минимални 1-0.
Les fans de Ferencvaros (adversaire de Trabzonspor) se bousculent pour Salah à son arrivée en Hongrie. 😰🇭🇺 pic.twitter.com/28DyNsGh1o
— Onze Masr 🇪🇬 (@onzemasr) August 26, 2026

