Авто-мото Други спортови

Саинц се сомнева во безбедноста на трките во Катар и Абу Даби!

Возачот на Вилијамс и директор на Асоцијацијата на Гран-при возачи, Карлос Саинц, јавно ја отвори дебатата околу тоа дали овогодишниот шампионат во Формула 1 воопшто може и смее да заврши во Блискиот Исток, каде што се планирани последните две трки во Катар и Абу Даби.

Иако раководството на Ф1 и ФИА тврдат дека финалните трки на крајот од ноември и почетокот на декември ќе се одржат според предвидениот план, ескалацијата на воените конфликти и нападите во регионот ја ставаат безбедноста на целата караван-елита под сериозен знак прашалник.

„Тие делуваат убедени дека сè ќе помине во најдобар ред, но моето лично мислење е дека во моментов е многу тешко да се гарантира такво нешто кога гледаме што сè се случува на Блискиот Исток. Пред нас се и избори во САД и низа политички настани кои преку ноќ можат да ја променат состојбата во следниот месец и половина. Многу е рано за пртерана сигурност. Ние како возачи немаме пристап до сите доверливи безбедносни информации и мора да им веруваме на одлуките на ФИА и Ф1, но ако тие кажат дека е безбедно, наше е да ги следиме. Сепак, мора да бидеме подготвени за брза реакција доколку работите се комплицираат“, истакна 32-годишниот Шпанец.

Дека стравот во авто-мото спортот е реален, потврдува и фактот што Светскиот рели шампионат веќе ја откажа својата финална трка во Саудиска Арабија и ја заврши сезоната повеќе од еден месец порано од планираното. Во меѓувреме, потврдено е и дека легендарното Рели Дакар во 2027 година се враќа на африканскиот континент, затворајќи ја седумгодишната епизода во саудиските пустини.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.