Кошарка Меѓународна кошарка

Сагата наречена Леброн го блокираше НБА пазарот

Иднината на Леброн Џејмс ја држи во неизвесност целата НБА лига, а пазарот на слободни агенти веќе три недели е во целосен застој. Четирикратниот МВП играч одбива да донесе брза одлука за својот нов клуб, а дополнителна тензија создаде неговото незадоволство од притисокот што јавно му го изврши комесарот на лигата, Адам Силвер.

Првиот човек на НБА претходно побара Џејмс што побрзо да ги разјасни своите планови за да може лигата навреме да ги финализира маркетинг-плановите, телевизиските термини и распоредот за сезоната 2026/27. Сепак, според инсајдерски информации, легендарниот кошаркар негативно реагирал на ваквите барања. Одбивајќи да делува под ултиматуми, тој реши дополнително да го одложи соопштувањето на одлуката, што предизвика уште поголема нервоза во раководството на лигата.

За услугите на еден од најдобрите кошаркари во историјата се води жестока борба. Голден Стејт Вориорс, Филаделфија Севентисиксерс и Кливленд Кавалирс важат за најсериозни кандидати, додека дел од аналитичарите сè уште ја отвораат можноста за враќање во Мајами Хит.

Во меѓувреме од САД пристигнуваат противречни информации за неговиот следен чекор. Дел од медиумите тврдат дека Голден Стејт е главен фаворит за потписот, додека други извори тврдат дека Џејмс во последен момент ја променил тактиката и решил дополнително да го продолжи чекањето.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.